fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Денеска пред пратениците измените на законите за антикризните мерки

Ние сме земја што 100 отсто увезува нафта и нафтени деривати и очекувам дека цената ќе продолжи да расте, рече Ковачевски

Уште денеска пред пратениците ќе се најдат измените на законите кои се важни за имплементацијата на мерките кои Владата ги определи за ублажување на кризата, најави премиерот Димитар Ковачевски. 

-Потпишани се измените на Законот за акцизи и на Законот за данок на додадена вредност и апелирав до сите пратеници да се на ниво на задачата, и согласно кризата, тие да гласаат за што побрзо за да почне нивната примена, рече Ковачевски во вчерашното гостување на ТВ 24.

Буџетот за 2022 година, укажа, беше планиран со намалени трошоци за 8 проценти. Трошењата за мебел, автомобили и други непродуктивни трошоци се на минимум. Предвидени се програми во рамки на Буџетот кои се наменети како резерви за покривање на недостатоците и високите цени на електрична енергија.

Премиерот истакна дека ова е најголемата криза што ја зафатила Европа по Втората светска војна и оти никој не може да предвиди до каде ќе оди.

-Цената на нафтата во последните пет дена расте по 100 долари дневно. Ние сме земја што 100 отсто увезува нафта и нафтени деривати и очекувам дека цената ќе продолжи да расте, рече Ковачевски, објаснувајќи дека Буџетот ги предвидува сите давачки и задолжувања и оти сите дополнителни трошења сега се во рамките на предвидениот план.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close