fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Измените на законите за ДДВ и за акциза се испратени на усвојување во Собранието

Со измените во Законот за ДДВ ќе се ослободат од плаќање на овој данок увозот на природен гас, електрична енергија, топлинска енергија и енергијата за разладување.

Владата на Република Северна Македонија на денешната 25-та седница со измени и дополнувања го утврди текстот на Законот за данокот на додадена вредност.

Со предлог измените и дополнувањата на Законот за данокот на додадена вредност е предвидено намалување на стапката на данокот на додадена вредност, односно ослободување од данок на додадена вредност за определени производи, опфатени со вчера донесените мерки за заштита на животен стандард и ликвидност на компаниите.

Новите законски решенија ќе обезбедат спроведување на мерката за намалување на повластената стапка на ДДВ за основните производи за човечка исхрана од 5% на 0% за производите: леб; шеќер; брашно – тип 400; сончогледово масло за јадење; трајно млеко, свежо месо; ориз и јајца.

Со измените во Законот за ДДВ ќе се ослободат од плаќање на овој данок увозот на природен гас, електрична енергија, топлинска енергија и енергијата за разладување.

На оваа седница Владата ги усвои измените и дополнувањата на Законот за акцизи од кои се очекува намалување на малопродажни цени кај бензините и другите нафтени деривати којашто исто така беше една од мерките на Владата за запирање на растот на цените на овие енергенси.

Измените и дополнувањата на Законот за ДДВ и на Законот за акцизи се испратени во Собранието со предлог да бидат усвоени во итна постапка.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close