fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Маслото за јадење во Косово се продава за 3.5 евра

Во соопштението на министерството се наведува дека некои трговци прво ги испразниле полиците, за да се создаде впечаток на недостиг. 

Цената на маслото за јадење во Косово достигна 3,5 евра, а граѓаните ги празнат полиците, јавуваат приштинските медиуми.

За вечерва пред Министерството за индустрија, трговија и претприемништво најавуваат ригорозни контроли за стопанските субјекти.

Во соопштението на министерството се наведува дека некои трговци прво ги испразниле полиците, за да се создаде впечаток на недостиг.

Владата во Прштина пред само еден ден им се закани на трговците кои ги злоупотребуваат цените, а нафтата  поскапе за речиси 50 отсто.

Премиерот Албин Курти вели дека Косово има најскапо масло за јадење во светот, а цената е вештачки надуена. Тој вели дека трговците сакаат да профитираат од кризата.https://faktor.mk/masloto-za-jadenje-vo-kosovo-se-prodava-za-35-evra

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close