fbpx
Агро бизнисВестиТоп вести

Николовски најавува нови мерки и можности за македонскиот аграр со ИПАРД 3

Европската комисија неделава ја усвои новата ИПАРД 3 програма за Северна Македонија, во која се содржани нови мерки кои значат нови инвестиции за македонското земјоделство, изјави денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

Со ИПАРД 3 се отвора можност во наредните седум години во македонскиот аграр да бидат инвестирани 250 милиони евра.

– ЕК ја препозна нашата посветеност за успешна искористеност на мерките од претходната ИПАРД 2 програма. Особено ми е драго што буџетот за оваа ИПАРД 3 програма се очекува да биде поголем за околу 62 проценти од претходната ИПАРД 2 програма, рече Николовски.

Тоа, според него, е признание за целосната искористеност и за успешната посветеност на телото за управување на ИПАРД при Министерството, на Платежната агенција, на сите корисници и засегнати страни.

Успеавме да станеме лидери во регионот по искористенста на ИПАРД што не прави особено горди како македонска држава и економија. Досега се склучени 2720договори во вкупна вредност од 70 милиони евра. Таа пракса ја продолжуваме, кажа Николовски.

Тој очекува со ИПАРД 3 програмата заедно со конфинансирањето од самите апликанти, во следните седум години, во македонското земјоделство да се влеат 250 милиони евра.

– Тоа се рекордни средства кои ќе влезат во развојни мерки, во инвестиции, во преработувачки капацитети и во реализација на сите мерки од ИПАРД 3. Ако тоа го направивме во ИПАРД 2 со целосна искористенсот, уште повеќе сме сигурни дека ИПАРД 3 програмата со сите овие 250 милиони евра ќе бидат видливи, рече Николовски

Новина во ИПАРД 3 е што ќе има предфинансирање на инвестициите. Конкретно секој корисник што ќе аплицира, ќе има можност да добие од 30 до 50 проценти предфинансирање со самото склучување на договорот за проектот доколу достави банкарска гаранција.

– На пример, ако инвестицијата е 100.000 евра, Платежната агенција на инвеститорот му враќа 60 проценти преку ИПАРД односно 60.000 евра, со што корисникот ќе може авансно да добие 30.000 евра веднаш по потпишувањето на договорот, а не да чека целосна реализација на договорот и поднесување на барање за финансиски средства. Односно со самото потпишување на договорот сега секој корисник или апликант може да дојде до 50 отст о од средствата за да не оди по банки да зема кредити и тн., обезбедено е предфинансирање на сите овие договори коишто ќе ги имаме во ИПАРД 3, посочи министерот.

Исто така, новина во ИПАРД 3 е што ќе можат да аплицираат и здружени правни лица за колективни инвестиции во примарно производство или преработувачка индустрија со што се отвора опција за мерките да конкурираат и задруги, организации или група на произоводители, правно лице формирано од повеќе индивидуални производители регистрирани во Министерството, како и правно лице формирано од здружение или асоцијации.

– Со новата ИПАРД 3 програма се планира да се зголеми износот на минималната инвестиција што на пример во првата мерка беше 3.000 евра сега ќе биде 10.000 евра, а тоа значи дополнително забрзување на одобрување на квалитетните апликации, финансирање на малите проекти од националните програми и мотивирање на вистинските компани, земјоделци за поголеми инвестиции преку ИПАРД, нивно побрзо обработување, доаѓање до договор, до пред финансирање и реализација на инвестициите, изјави министерот Љупчо Николовски, кој денеска беше во посета на фабриката на Бако – Нутс ДООЕЛ, во Визбегово, која е корисник на ИПАРД средства.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close