fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

По намалувањето на акцизата и ДДВ – пониски цени за горивата

Од УЈП информираат дека до 17 март, односно во следниве пет дена ќе ги усогласуваат фискалните каси за одредените прехранбени производи да се продаваат без данок на додадена вредност.

По усвоените економски мерки поевтинуваат горивата. Дизелот за девет а бензините за 6,5 денари по литар, а од како ќе бидат усогласени и фискалните каси од страна на УЈП и основните прехранбени производи ќе се продаваат без ДДВ до крајот на мај. Сметките за струја на домаќинствата и малите потрошувачи до крајот на годинава ќе бидат со пет отсто ДДВ. Пакетот мерки ќе ја чини државата 400 милиони евра, но министерот за финансии вели дека со нив ќе се соберат дополнителни пари во централниот буџет.

„Дел од средства ќе соопштам дека овие средска кои се како фискална импликација се средства кои се предвидени во буџетот, дополнително се прават пренамени на средства за да реагираме навремено. Во целава ситуација ќе може да се применат сите овие мерки а при тоа буџетот да остане стабилен“, изјави  Фатмир Бесими министер за финансии

Од УЈП информираат дека до 17 март, односно во следниве пет дена ќе ги усогласуваат фискалните каси за одредените прехранбени производи да се продаваат без данок на додадена вредност.

„Апелираме трговците соодветно да се подготват за решенијата опишани во законот. И се со цел граѓаните да добиваат производи со пониски цени.Односно да направат соодветно подесување на своите фискални апарати“, рече Тон Сања Лукаревска директорка на УЈП

Освен за граѓаните мерки има и за компаниите а тие се однесуваат на намалување или укинување на даночни стапки или дел од царинските давачки. Овие мерки дојдоа во време кога граѓаните се соочуваат со енормно зголемува на цените на храната, енергенсите и останатите производи кои секојдневно се набавуваат. https://alsat.mk/mk/po-namaluvaneto-na-aktsizata-i-ddv-poniski-tseni-za-gorivata/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close