fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

По горивата, корекции на цените и на основните производи

Треба да се усогласат цените на лебот, брашното, шеќерот, сончогледовото масло, кравјото млеко, месото, оризот, јајцата. За нив стапката на ДДВ е намалена од 5 на 0 проценти и оваа мерка ќе трае до крајот на мај.

По поевтинувањето на горивата, се очекува од денеска да има корекции и на цените на основните прехранбени производи согласно владините антикризни мерки и законските измени за висината на акцизите и стапката на ДДВ што во петокот добија зелено светло во Собранието.

Треба да се усогласат цените на лебот, брашното, шеќерот, сончогледовото масло, кравјото млеко, месото, оризот, јајцата. За нив стапката на ДДВ е намалена од 5 на 0 проценти и оваа мерка ќе трае до крајот на мај. Паралелно со ова, замрзнати се маржите за некои производи, и укинати царинските давачки за увозот на основните прехранбени продукти.

Антикризниот пакет мерки за справување со ценовниот шок поради војната во Украина, покрај намалениот ДДВ на горивата од 18 на 10 проценти, како и акцизата за 1, 2 или 4 денари, што веќе доведе до поевтинување на бензините и дизелот, предвидува и продолжување на повластената стапка од 5 проценти ДДВ за електрична енергија за домаќинствата до крајот на годинава.

Се намалува и стапката на ДДВ при промет на енергенси од 18 на 10 проценти, а се укинува данокот при увоз на гас, електрична и топлинска енергија.

Со намалувањето на даноците директно се влијае врз крајната цена што граѓаните ја плаќаат за основните производи за исхрана, со пониското ДДВ за нафтените деривати се амортизира крајната цена на дериватите, додека со продолжување на повластената стапка на ДДВ за електрична енергија се редуцираат трошоците за енергија.

Од Владата и надлежните институции задолжени за спроведување на мерките апелираат трговците соодветно да ги применат решенијата од законот, односно да направат подесување на своите фискални апарати. Велат дека донесените законските измени, предвидуваат механизми кои Владата ќе може да ги користи и во иднина доколку има потреба да се избегнат какви било шпекулации и ценовни шокови на граѓаните и стопанството.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close