Мирчески реагира-Наместо со вистинските тутунари министерот ќе прави средби со тутунари „статисти“
Министерот Николовски оваа среда закажал средба во Радовиш со откупувачи и избрани тутунари, но не и со борците за правата на тутунарите, обвинува Мирчески од Прилеп.
Реакција по повод закажаниот состанок на министерот со тутунари во Радовиш на ден 16 03 2022 година.
Почитувани тутунопроизводители, замислете министерот ги кани откупните компании на средба во Радовиш на ден 16 03 2022 на средба со тутунари. Министре ако не знаете, да ви кажеме. Центарот на тутунопроизводството во Македонија е Прилеп или знаете, но ви е страв да разговарате со вистинските тутунари па си носите по ваш ќеиф одбрани тутунари за разговори со откупните компании? Зарем министре сметате со одбрани тутунари или статисти кои ќе глумат загриженост и конструктивност на таа средба и кои ќе молчат и аминуваат се што вие ќе кажете ќе ги решите проблемите во земјоделието и тутунопроизводството? Дојдете во Прилеп министре и сретнете се со вистинските тутунари и борци за правата на тутунарите докажани во последните 2 години. Ако навистина сакате да им помогнете на тутунарите и сите земјоделци во Македонија, министре, не треба да измислувате топла вода, доволно е да ги спроведете решенијата на новите тутунски здруженија кои се за спас на тутунската индустрија и тутунопроизводството како и целокупното земјоделие во државата. И за крај министре: Дали сте свесни дека со ваквиот ваш игнорантски однос кон нас како тутунски и земјоделски здруженија од кои неодамна добивте конкретни барања и решенија кои произлегоа од одржаната средба во Прилеп за спас на земјоделието вие свесно не туркате нас земјоделците на протести кои и ќе се случат во најкус можен период. НО, ВИЕ СИ ЗНАЕТЕ!!!
Игор Мирчески координатор на новоформираните тутунски здруженија.