fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Поскапе меѓуградскиот превоз, повратна карта од Скопје до Охрид сега чини 1100 денари

Ако до пред само неколку дена, повратна карта од Скопје до Охрид беше 900 денари, сега изнесува 1100 денари.

Дел од автобуските превозници од Охрид и Струга ги зголемија цените на автобуските билети во меѓуградскиот и меѓународниот сообраќај за 20%. Ако до пред само неколку дена, повратна карта од Скопје до Охрид беше 900 денари, сега изнесува 1100 денари.

„Превозот на патници во државата има катаклизмични проблеми моравме да се одлучиме на тој непопуларен чекор.Очекувано е да има намален интерес,но ние едноставно моравме да го направиме тоа, бидејки навистина бевме на раб на исплатливост со старите цени“, рече Димитар Василески-сопстевник на автобуски превозник.

Василески смета дека ако продолжи зголемувањето на цената на горивата, ќе има исклучување на добар дел од линиите.Превозниците сметаат дека од одлуката на владата за намалување на стапката на ДДВ на 10% за горивата, како и на акцизата, е само во интерес на граѓаните, но не и на фирмите кои вршат јавен превоз.

„Имавме една козметичка мерка за нас превозниците, бидејки намалувањето на цената беше за еден и пол денар на акцизата и осум денари намалување на ДДВ..А ние ддв-то секако го враќаме како правни лица. Значи ние имаме само реални намалувања од само еден и пол денар“, додава Василески.

Во Охрид се зголеми и цената на општинскиот градскиот превоз, а во Струга за 20% порасна цената на такси превозот. Со одлука на Советот на општина во Струга има зголемување и на цените кон селските средини, помеѓу 25 и 100 денари во зависност од оддалеченоста.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close