Граѓаните се жалат од трговците по новите антикризни мерки
Граѓаните се жалат – бенефитите од владината мерка за намалување на цените, не можат да ги видат.
Граѓаните се жалат – бенефитите од владината мерка за намалување на цените, не можат да ги видат.
До Организацијата за заштита на потрошувачи секојдвено стигнувале поплаки – намаленото ДДВ од 5 на 0% за основните прехранбени производи, го нема на фискалните сметки.
-Граѓаните се жалат и се јавуваат кај нас бидејќи не можат да знаат дали навистина ДДВ е 0. Се очекува промена на фискалните каси за да може на сметката што ја добиваат да го проверат тоа и да видат дали данокот е 0. Кај маржите, пак, не можат да контролираат и тука настапува Државниот пазарен инспекторат и се применува една од мерките предвидена во Законот за заштита на потрошувачите врз основа на нечесната пазарна пракса која и како директива е поместена во Законот за заштита на потрошувачи во Европската Унија, а се зборува и за измамното огласување или означувањето на цените, изјави Мирјана Лончар Велкова , претседател на Организација на заштита на потрошувачи.
УЈП им даде рок до 17-ти трговците да ги усогласат касите. Потоа најавуваат засилени контроли, каде ќе ги казнуваат субјектите кои нема да ги поевтинат основните прехранбени производи. Веќе е намалена маржата кај дел од трговците од 5 на 3%, додека лебот, брашното и маслото за јадење се продваат по набавна цена. Инаку, до организацијата граѓаните се жалеле и за несоодветна декларација на производите или пак, за истакнати попусти, за производи, кои всуишност се продавале по редовна цена.
Денеска е Светскиот ден за заштита на потрошувачите. За 1 година, до Организацијата стигнале над 2.600 поплаки. Најголем дел од нив, за несоодветни технички апарати, продажба на мебел и онлајн трговија.https://sitel.com.mk/gragjanite-se-zhalat-od-trgovcite-po-novite-antikrizni-merki