fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

„КАМ маркети“ казнети зашто зејтин давале само за сметки над 800 денари

Директорката на ДПИ, Анета Симеска-Димоска кажа дека ова е нечесно пазарно однесување.

Три маркети на КАМ добија казна од 12.000 евра за фирмата и 3.600 евра за одговорното лице од Пазарната инспекција, откако зејтинот го тргнаа од полиците, а иако го имале на залиха, го даваа само ако купувачите направат сметка над 800 денари.

Ова доаѓа по објавите во медиумите, каде вработените ја спроведуваа оваа одлука на раководството. Директорката на ДПИ, Анета Симеска-Димоска кажа дека ова е нечесно пазарно однесување.

„Кај еден субјект имаме прекршочни платни налози за нечесно пазарно однесување – имаше масло во магацин, а не на рафт. Има и прекршочни платни налози каде по Закон за заштита на потрошувачи кој се однесува на условување на купување на едни производи или други производи, што е казниво. Казната е 4.000 евра за правното и 1.200 евра за одговорното лице. Станува збор за еден троговец кој има повеќе маркети, утврдено е во неколку градови“, кажа директорката Симеска-Димоска како резултат од инспекцискиот надзор.

Инспекторите во вторикот направиле проверка во повеќе маркети на КАМ.

„Маслото за кое зборувате по однос на евиденцијата со документација во приемниот лист каде сме надлежни е продажната цена е 90 денари. Нема да дозволиме да имаме манипулации од страна на трговците. Бараме да имате доверба и трпение и чувство дека навистина како роган се грижиме максимално да ги спроведеме нашите обврски“, додаде Симеска-Димовска.

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close