fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Приведена земјоделска инспекторка во Прилеп поради примање поткуп

Таа била затекната при примање поткуп од 64.000 денари од лице од Прилеп

Полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп денеска во 9.30 часот во угостителски објект во Прилеп ја лишиле од слобода В.В. – земјоделски инспектор во Државен инспекторат за земјоделие, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп” по член 357 од Кривичниот законик.

Таа била затекната при примање поткуп од 64.000 денари од лице од Прилеп, по
што веднаш била лишена од слобода, а парите ѝ биле одземени. В.В. била приведена во полициска станица и по целосно документирање и расчистување на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава велат од МВР.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close