По рускиот на сточарите сега им се нуди можност за извоз на кинескиот пазар
Новите пазари за пласман на македонското јагне сеуште недоволно познати за македонските сточари. Велат дека и покрај потпишувањето на договори, немаат информации од надлежните за тоа како ќе се одвива извозот, во колкави количини ќе се извезува и по која цена. Прво рускиот, а сега и кинескиот пазар засега се непознати зошто како што велат и самите секој пазар си има свој бренд.
Македонското брендирано јагне си најде место на традиционалните пазари во Хрватска, Италија, Бугарија и Грција. Кинескиот пазар е голем и освен јагнешко, на овој пазар според надлежните македонските сточари освен замрзнато јагнешко месо ќе можат да извезуваат и нус производи поради неприбирливоста на пазарот.
Ова се случува кога производителите и преработувачите ги загрижува опаѓањето на сточниот фонд во државата. Земјоделските здруженија посочија дека сточниот фонд во државата ке се зголеми доколку кланичарите го поделат профитот со производителите а јагнешкото на пазарот има постојана цена од 150 во текот на годината и 220 денари за килограм жива мера за празниците. Од здружението на одгледувачи на овци тврдат дека годишно од земјава на пазарите во странство можат да извезат и до 200.000 јагниња.