fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Земјоделците со реакција-Ниту ВМРО не брани, а уште помалку СДСМ не храни

Апелираме до Владата и МЗШВ под итно да најдат начин да го спречат овој прогон на организаторите на протестот на оризарите

Почитувани земјоделци ниту ВМРО не брани, а уште помалку СДСМ не храни,  ние сме тие кои ја браниме и храниме државата и колку побрзо го сфатат ова политичките партии толку подобро за нив.

Актуелната власт под итно да престане да не убедува колку се грижи за нас и колку ни е добро. Земјоделието е пред колапс, а штетите ќе бидат непроценливи. Цехот ќе го платаиме сите, но најмногу посиромашните граѓани.Згрозени сме од обидот преку тужби и прекршочни пријави да се замолчат оризарите и да се внесе страв и заплашување на сите земјоделци во државата, кои своето незадоволство и револт го изразуваат на протест кое е со Устав загарантирано право. Штом земјоделец ги напуштил нивите и е приморан своите права да ги бара на протест, тоа кажува дека е  во незавидна ситуација, државата нема слух и не е спремна преку дијалог да реши проблеми. Ниту една сила, политичка партија или било каква организација не може да принуди или изнесе на улица задоволен земјоделец, не постои таква!!!

Но, штом земјоделец е приморан  своите права и решенија на проблеми да ги бара преку протест тоа е знак дека некои политики во државата не се во вистински правец и насока. Апелираме до Владата и министерството под итно да најдат начин да го спречат овој прогон на организаторите на протестот на оризарите и пред да се случат било какви протести во државата да седнат на маса и преку дијалог да ги решаваат проблемите. Со ваков игнорантски однос и демонстрација на сила, само демонстрирате едноумие и диктатура. Ги повикуваме и сите останати здруженија, сојузи, асоциации, федерации на земјоделци и фармери да дадат подршка на оризарите и да го осудат овој чин и обидот да се заплашат земјоделците. Се вели во реакцијата на новоформираните тутунски здруженија.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close