Бектеши: Мерките се навреме донесени, нема да има рестрикции
Македонија најдобро се справи со енергетската криза и успеа да заштеди над 20 милиони евра од Буџетот на државата и ЕСМ.
Министерот за економија Крешник Бектеши вели дека мерките во енергетиката се навреме донесени и рестрикции нема да има.
Според него, во регионот Северна Македонија најдобро се справи со енергетската криза и успеа да заштеди над 20 милиони евра од Буџетот на државата и ЕСМ.
-Прв пат ги ставивме во употреба нашите домашни капацитети кои не беа во функција од 2009 година. Да, работи на мазут, но произведува 90 мегавати на час. Тие 90 мегавати на вакви берзански цени кои можат да достигнат и до 600 евра, ќе го чини буџетот милионски суми. Прв пат и приватна компанија се става во функсија на државата, со фиксна цена, рече Бектеши и додаде дека 80 отсто од фирмите се снабдуваат преку универзалниот снабдувач, додека останатите се на слободниот пазар.
Тој повторно апелира, и до компаниите и до општините, да склучат договори за снабдување со електрична енергија.