Николовски оценува-„ако не се субвенциите, нашето земјоделство ќе пропадне“
Наследивме 350 милиони евра заостанати субвенции.
Министерот за земјоделство, Љупчо Николовски одговорајќи на новинарско прашањето дали земјава некогаш ќе може сама да се прехрани, Николовски подвлече дека токму тоа е целта на актуелните земјоделски политики. Во таа насока се, нагласи, и реформите, но „нешто што не било направено 30 години, не може да се промени за само една година“.
-Наследивме 350 милиони евра заостанати субвенции. Прв пат по три децении зборуваме за окрупнување на земјоделските површини и за здружување во задруги. Прв пат ќе се менува и моделот на субвенционирање преку воведување авансна исплата, 30 отсто пред почеток на сезоната. Посебно внимание ќе се поствети и на земјоделското земјиште. Не само државното, туку и приватното ќе се става во функција, ќе се дава на оној што сака да го работи. Се работи и на модернизација на инфраструктурата, како и на развој на селата, истакна Николовски.
Негова оценка е дека „ако не се субвенциите, нашето земјоделство ќе пропадне“.https://libertas.mk/nikolovski-ako-ne-se-subvenciite-nasheto-zem-odelstvo-e-propadne/