fbpx
Вести

Утринските температури не ги измрзнаа житата

utrinskite temperaturi ne gi izmrznaa zhitata

Земјоделците се загрижени. Екстремните временски услови со ниски утрински температури без снег минатата и на почетокот од оваа недела можеа да предизвикаат штети кај есенските посеви. За разлика од житото ваквите големи температурни разлики во текот на еден ден не претставуваат опасност за лозјата и за овошките.

Ниските утрински температури кои се задржаа во текот на мината недела и се спуштија и до -14 степени, без снежна покривка да ги заштити од студот, беа на границата да предизвикаат штета кај есенските посеви, односно мрзнење на поникнатите жита, особено на јачмен.

Според агрометеоролозите среќна околност е што најголемиот студ беше само во Скопската котлина и во Малешевијата, а не и во двете најголеми житници, Пелагонија и Полог.

За разлика од пченицата , опасност од измрзнување кај повеќегодишните насади на овошките и на виновата лоза засега нема. Презимувањето е во границите на нивната издржливост во зимски услови. Постепената промена на времето и покачување на утринските и на дневните температури деновиве влијаеше позитивно на сите земјоделски култури.

Тагови

Слични написи

Еден коментар

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button
Close