fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Се очекува следната седмица да почне увозот на пченица и останатите суровини од Србија

Николовски посочи дека задача на Министерството и на Владата беше да обезбеди да се тргне забраната за извоз на пченица и на останати суровини од страна на Србија.

Колку количини на пченица, сончоглед, јачмен и останати суровини ќе се увезат од соседна Србија ќе зависи од македонските компании и трговците, истакна  министерот за земјоделство, шумарство, водостопанство, Љупчо Николовски. 

Очекува следната недела, кога ќе завршат административниот дел и формалностите да почне увозот на лебното зрно и останатите суровини, за кои македонските компании имаат договорено со своите партнери од Србија.

Николовски посочи дека задача на Министерството и на Владата беше да обезбеди да се тргне забраната за извоз на пченица и на останати суровини од страна на Србија.

-Количините кои се неопходни ние ги прегледавме, искомунициравме и одржавме состаноци со сите комори, со сите економско-социјални партнери на Министерството, со сите компании, коишто имаат договори се со цел бидат земени предвид. Договорот којшто е постигнат е дека е отстранета забраната за извоз кон Република Северна Македонија и второ дека ќе се реализираат сите договори меѓу трговските партнери, вели Николовски.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close