fbpx
Без категорија

Николовски: Една од следните исплати за субвенции е за тутнопроизводство

Според Николовски, протести има доколку се мотивирани единствено партиски или политички.

Тутунопроизводителите знаат дека ги добиваат субвенциите, нема селекции, сите во еден ден ги добиваат, активно ги следиме откупот и откупните цени. Една од следните исплати од страна на Платежната агенција е токму за над 33.000 тутонопроизводители, изјави министерот за земјоделство, шумарство, водостопанатсво Љупчо Николовски одговарајќи на новинарско прашање во врска со вчерашните протести на земјоделците од Прилепскиот регион.

Според него, протести има доколку, како што вели се мотивирани единствено партиски или политички.

Николовски упати порака дека не е во ред во ова време на неколку кризи да се профитира и да се прават вакви потези на грбот на граѓаните заради некакви ситни политички поени кои, вели нема никој да ги добие.

Посочи дека на земјоделството не му треба партизација и политизација, заради тоа што тие како ресорно Министерство и Влада се мобилизирани како да ги решат проблемите и како да се спаси годината.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close