Трипуновски: Цената на јаболкото е мизерна, треба да се продадат 40-50 килограми јаболка за да купи литар нафта
50 килограми јаболка да се продаде за да купи еден литар масло за јадење
Цветан Трипуновски, претседател на републичката комисија на ВМРО-ДПМНЕ за земјоделство вели дека состојбата со јаболкото во ресенскиот регион е алармантна, додавајќи дека цената на јаболкото е мизерна од еден и пол денар до два, укажувајќи дека еден ресенчанец треба да продаде 40 килограми јаболко за да купи еден литар нафта, или 50 килограми јаболко за да купи еден литар масло на јадење.
„Втората култура која што исто така е актуелна е пласманот односно продажбата на јаболкото од минатата година бидејќи се уште трае пласманот имаме сериозни количини кои се неоткупени, преку 50 илјади тони јаболка стојат неоткупени и за жал со ваква власт ќе ја гледаме сликата како пред неколку години кога јаболкото заврши во Преспанското езеро…Сега, во моментот во ресенскиот регион јаболкото се продава за денар и половина или два денари, тоа е мизерно“, посочи Трипуновски.
„Ресенчанец треба да продаде 40 килограми јаболка за да купи еден литар дизел, или 50 килограми јаболка да продаде за да купи еден литар масло за јадење“, заклучи Трипуновски.https://netpress.com.mk/trpunovski-cenata-na-abolkoto-e-mizerna-treba-da-se-prodadat-40-50-kilogrami-abolka-za-da-kupi-litar-nafta-ili-eden-litar-maslo-za-ade-e/