Шеесет и шест години Земјоделско-шумарско училиште во Кавадарци
Шеесет и шест години постоење одбележа денеска Средното стручно земјоделско-шумарско училиште од Кавадарци.
Бројни претставници на општествениот живот положија цвеќе пред бистата на Ѓорче Петров, чие име го носи оваа воспитно образовна установа.
-За разлика од некои други, од година во година, се зголемува бројот на ученици во нашето училиште кое има повеќе струки и воспитува и образува кадри коишто подоцна придонесуваат со својата стручност. Нашето мото е „денеска ученик, утре стручњак”, беше речено на одбележувањето на годишнината од отварањето на ова училиште, во кое се школуваат ученици од регионот, но и од целата држава.
Во присуство на домашни гости, но и претставници на училишта со коишто соработуваат од странство, во дворот на училиштето во кое меѓу другото се школуваат и кадри од областа на лозаровинарството, беа посадени 12 винови лози.
Ученици говореа за животот и делото на Ѓорче Петров, под менторство на професорот по македонски јазик, Влатко Тасев. /МИА