fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Продолжува проектот „Купи куќа, купи стан“, наскоро нов повик за субвенциониран кредит

Министерството за финансии (МФ) ќе објави нов повик за Проектот „Купи куќа, купи стан“ на кој заинтересираните граѓани ќе може да аплицираат за субвенциониран кредит за обезбедување свој нов дом.

Министерството за финансии (МФ) ќе објави нов повик за Проектот „Купи куќа, купи стан“ на кој заинтересираните граѓани ќе може да аплицираат за субвенциониран кредит за обезбедување свој нов дом. Како што посочуваат од МФ, информацијата за спроведување на проектот и негово продолжување во 2022 година со предлог да се објави нов повик беше усвоена на седница на Владата.

Согласно усвоената информација на Владата, јавниот повик кој ќе биде објавен за 2022 година, ќе биде воедно и последниот објавен повик во рамки на Проектот „Купи куќа, купи стан“.

– Граѓаните ќе може да аплицираат за една од двете варијанти за субвенции на рата или за субвенционирање на учеството за купување стан или изградба на куќа во деловните банки кои се дел од Проектот „Купи куќа, купи стан“ откако ќе се објави јавниот повик, велат од МФ.

Досега, додаваат, се одобрени вкупно 2.010 барања за субвенциониран станбен кредит, а одобрените кредитите се во вкупен износ од над 73 милиони евра, за кои одобрените субвенции се во износ од 18,3 милиони евра.

Граѓаните од двата понудени модела го користеле повеќе моделот субвенција на рата за кој се одобрени 1.486, додека за субвенција на учеството 524 барања. Според намената, граѓаните повеќе го искористиле за купување стан, односно од вкупно одобрените барања 1.676 се за купување нов стан, додека 334 се за изградба, купување, доградба или надградба на куќа.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close