fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Николовски-Сите земјоделци со минимум 4.000 килограми приноси по хектар пченица, ќе добијат дополнителна субвенција од 5.760 денари по хектар

Се зголемува поддршката за набавка на вештачки ѓубрива за пченица на 4.000 денари по хектар.

Врз основа на бројни анализи, и средби со земјоделците изготвивме „Национален план за производство на храна“ преку кој обезбедуваме дополнителни мерки за имаме одржливо и зголемено производство.
➡️ Се зголемува поддршката за набавка на вештачки ѓубрива за пченица на 4.000 денари по хектар.
➡️Сите земјоделци коишто ќе остварат минимум 4.000 килограми приноси по хектар пченица, ќе добијат дополнителна субвенција од 5.760 денари по хектар.
Ја следиме состојбата со производството на пченица, и преку зголемена финансиска поддршка ги мотивираме земјоделците,со што придонесуваме кон зголемување на домашното производство, изјави министерот Љупчо Николовски.

Николовски денеска пред Владата одржа прес-конференција на која најави дел од мерките на Националниот план за производство на храна.

„Во оваа глобална економска криза имаме обврска да обезбедиме одржливо, но и зголемено производство на домашна храна преку поддршка на домашното производство, особено на стратешките земјоделски структури. За таа цел Министерството подготви национален план за производство на храна кој ќе биде доставен до Владата.“, рече Николовски.

Министерот најави зголемена поддршка за поледелските култури, а се задржа на мерката за поддршка на пченицата како стратешка култура.

„Со планот предвидуваме измена на програмата за интервентниот фонд, односно се зголемува поддршката за вештачки ѓубрива и за пченица и ќе изнесува 4000 денари по хектар, доколку минимум е употребено 200 кг ѓубриво по хектар. Оваа мерка важи и за фолијарна прихрана на пченицата.

За оваа субвенција може да аплицираат сите земјоделски стопанства запишани во ЕРЗС кои во производната 2021/2022 година имаат засеани површини со пченица и имаат набавено вештачки ѓубрива за прихрана на посевите во период од 01.12.2021 до 31.05.2022 година. Рокот за поднесување на барања е до 15 јуни 2022 година“

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close