Поскапувања: Цената на маслото за јадење и натаму ќе се зголемува
Деблокада и старт на испораката чекаат и од Брилијант. За недостигот во маркетите првиот човек во компанијата прстот го впери во потрошувачите. Дирекоторот Коста Ташков за ТВ24, вели поради страв од повисоки цени, се купуваат големи количини.
Цените на маслото за јадење растат, рафтовите во маркетите полупразни – домашните производители соочени со низа проблеми.
Поради изборите во Србија рампата се уште е спуштена, не се испорачуваат договорените и платени количини. ТВ 24 дознава велешки „Кристал“ работи со минимален капацитет и намалено производство. Извори од компанијата велат Србија иако ветила – рафинираното масло кои веќе ги платиле се уште не ги испорачала.
Рафинирано масло изминатиов период се набавувало од соседството по многу повисоки цени. За да нема застој и да се задоволи само мал дел од количните на домашниот пазар, велешка маслодајна – од соседна Бугарија го плаќала и по цена и од околу 3 евра за литар.
Деблокада и старт на испораката чекаат и од Брилијант. За недостигот во маркетите првиот човек во компанијата прстот го впери во потрошувачите. Дирекоторот Коста Ташков за ТВ24, вели поради страв од повисоки цени, се купуваат големи количини.
„Залихи имаме за тековниот месец и во очекување сме да почне испораката од Србија каде имаме договори за набавка на количини за наредните два месеци, а исто така преговараме и со други добавувачи од трети земји со што мислам дека ќе обезбедиме количини до наредната реколта.“ – вели Коста Ташков од Брилијант.
Дека има застој во испораките потврдуваат од земјоделие – очекуваат официјален Белград неделава да ја тргне забраната.
„Очекуваме оваа недела српската влада да ја донесе одлука за укинување на забраната за земјава за извоз на пченица, пченка, брашно и масло за јадење. На состанокот што се одржа пред извесен период се договори испораката на договорените количини, да биде исполнета и сите договори на македонските економски партнери од сите стопански комори да бидат реализирани.“ – велат од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.
За министерот за економија растот на цената се должи на повисоките цени на суровото масло на светските берзи. Според Бектеши земјава нема проблеми со снабување и производство на масло. Смирува – доколку има потреба во координација со земјоделие ќе носат дополнителни мерки со цел ублажување на нов ценовен раст.
„За основните прехранбени производи како Влада веќе донесовме одлука во делот на намалување на ДДВ-то од 5 на 0 отсто, а правиме и други мерки за утврдување на одредени количини кои преку Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство би можело да бидат субвенционирани за нашите производители.“ – изјави Крешник Бектеши министер за економија.
Владата иако донесе сет од антикризни мерки за заштита на стандардот на граѓаните – како на глобално ниво така и кај нас цените на храната растат. Во земјава дел од основните прехрамбени прозиводи, меѓу кои и маслото за јадење, веќе се продаваат со 0 проценти ДДВ, но по последните случувања се поизвесно е дека цените и во иднина ќе растат. Со проблем се соочуваат и дел од увозниците на брашното во земјава, велат дека Србија иако ветила испорака нема ниту на платените колични на брашно.https://www.24.mk/details/poskapuvanja-cenata-na-masloto-za-jadenje-i-natamu-kje-se-zgolemuva