fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Зголемени водостоите на Охридското и Преспанското Езеро

За два сантиметра е зголемен водостојот на Охридското, а за еден на Преспанското Езеро.

За два сантиметра е зголемен водостојот на Охридското, а за еден на Преспанското Езеро, додека нивото на Дојранското Езеро е исто како вчера, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Сепак, и покрај тоа, водостоите на Охридското и на Преспанското Езеро се пониски од просечните за април и тоа за 10 сантиметри кај Охридското, односно за 1,83 метри кај Преспанското Езеро со што сега е на пет сантиметри над апсолутниот минимум од 842,25 (мнм). За разлика од нив, нивото на Дојранското Езеро е за 2,76 метри повисоко од повеќегодишниот просек за овој период од годината.

Водостоите, пак, на реките најчесто се пониски од просечните за април и бележат благо намалување или зголемување во споредба со вчера.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close