fbpx
Агро бизнисВестиМакедонија

„Пари“: Фирмите сега им должат на банките 3 милијарди евра

Како било пред 10 години

Околу 300 милиони евра е зголемен долгот што го има  нефинансискиот сектор (главно фирми) кон банките во текот на минатата година, покажуваат податоците на Народната банка. Имено, долгот на 31.12.2021 година бил околу 3 милијарди евра, а на крајот од 2020 година кредитите на нефинасиските друштва биле околу 2,7 миијарди евра. Далечната 2012 година завршила со пласирани кредити во нефинансиски друштва во износ од 2,1 милијарди евра.

Банките се главниот извор на финасирање на проекти на компаниите, но она што сега фирмите го забележуваат е дека во услови на криза, тие се извор и за обезбедување на тековна ликвидност, што и не е развојна компонента за нивниот бизнис и што не создава нова вредност од која ќе се отплаќаат кредитите. Оттука и главната забелешка на стопанството насочена кон последниот сет на државни мерки во кој поддршката на стопанството, гавно треба да се одвива токму во зоната на кредитирањето.

Порталот „Пари“ го анализираше кредитирањето. Податоците од Народната банка покажуваат дека лани износот на бруто кредити дадени од страна на банките бил 6,2 милијарди евра од кои 3 милијарди евра се кредити на нефинансиски субјекти, а 3,2 милијарди евра се кредити дадени во домаќинствата. Најголем износ на кредити дала Стопанска банка, иако според активата, најголема е Комерцијална банка која пак, е трет кредитор на листата за 2021 година. Второ место по обемот на кредити и припаѓа на НЛБ банка, која е трета по големина банка, според активата.

Кредитирање во 2021 година

БАНКА БРУТО КРЕДИТИ НА НЕФИНАНС. СУБЈЕКТИ КРЕДИТИ НА НЕФИНАНС. ДРУШТВА ДОМАЌИНСТВА
Стопанска Банка Ад Скопје 1,3 милијарди евра 458,6 милиони евра 839 милиони евра
НЛБ Банка 1,1 милијарда евра 445 милиони евра 696 милиони евра
Комерцијална Банка 922,6 милиони евра 579 милиони евра 303 милиони евра
Шпаркасе 894 милиони евра 470 милиони евра 423 милиони евра
Халкбанк 811 милиони евра 401 милион евра 385 милиони евра
Прокредит Банка 461,5 милиони евра 409 милиони евра 51,5 милиони евра
Универзална Инвестициона Банка 275 милиони евра 84 милиони евра 189 милиони евра
Централна Кооперативна Банка 120 милиони евра 12,7 милиони евра 107 милиони евра
Стопанска Банка АД Битола 117 милиони евра 61 милион евра 55,5 милиони евра
Силк Роуд 87 милиони евра 26 милиони евра 59,6 милиони евра
ТТК Банка 80,6 милиони евра 23,3 милиони евра 57,4 милиони евра
Капитал банка 30,8 милиони евра 16 милиони евра 14,5 милиони евра
Развојна банка 1 милион евра 487.000 евра
Вкупно 6,2 милијарди евра 3 милијарди евра 3,2 милијарди евра

https://pari.com.mk/firmite-sega-im-dolzat-na-bankite-3-milijardi-evra/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close