fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

„Брилијант“: Во паника сме, трчаме насекаде за да најдеме суровина за масло за јадење

Симон Наумовски вели дека буквално се растрчани насекаде, затоа што се загрижени за тоа како ќе го продолжат производниот процес.

Србија нема да ни извезе сурово сончогледово масло од кое, по преработка, се добива масло за јадење, потврди за „Слободен печат“, Симон Наумовски, директор на фабриката „Витаминка“ во чија сопственост е и фабриката за масло за јадење „Брилијант“. Суровото масло за јадење не се споменува ни во Закучокот што го објави Владата на Србија, а според кој се одобрува извоз во Македонија на меркантилна пченица и на меркантилна пченкa.

Наумовски вели дека буквално се растрчани насекаде, затоа што се загрижени за тоа како ќе го продолжат производниот процес.

– Искрено кажано во паника сме. Нашиот добавувач од Војводина ни кажа дека не може да ни испорача сурово масло затоа што српската Влада не донела одука за укинување на забраната за извоз. Од утрово насекаде вртиме телефони. Преговараме со трговци од Украина, Унгарија и Бугарија. Нас ни требат 200 тони месечно сурово масло – вели Наумовски.

Во однос на цените, тој потенцира дека тоа е берзански производ на кој никако не може ценовно да се влијае.

„Брилијант“ е најголем производител на сончогледово масло во државава, и како што вели Наумовски, станува збор за најсовремен начин на производство со капацитет кој е два и пол пати поголем во однос на потребите на Македонија.https://www.slobodenpecat.mk/brilijant-vo-panika-sme-trchame-nasekade-za-da-najdeme-surovina-za-maslo-za-jadenje/

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close