fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Пролетната зелка стартува со значително пониска цена од минатата година, а двојно поскапи репроматеријали

Цената и на пазарите на мало не е висока. Се движи околу 30 до 40 денари за килограм.

Пролетната зелка стартува со значително пониска цена од минатата година, а двојно поскапи репроматеријали, реагираат струмичките земјоделци, јави Телма.

Велат дека 25 денари за килограм во услови на покачени семенски материјали и ѓубрива е неисплатливо за производство.

Цената и на пазарите на мало не е висока. Се движи околу 30 до 40 денари за килограм.

Доколку продолжи ваквиот тренд со продажба на раноградинарските производи во прашање е садењето на втората реколта.

Високите цени на репроматеријали ќе придонесат за намалување на површините, но и штедење на ѓубрива и заштита, што во прашање ќе го стави и квалитетот на производството.

Во моментов извозот е генерално на традиционалните пазари во соседните земји, а дел се продава и во Романија.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close