fbpx
Двор и градина

Сеидба на ранопролетни поледелски култури

seidba na ranoproletni poledelski kulturi

Ранопролетни култури се: јарата пченица, јариот јачмен и јариот овес. При изборот на површина за сеидба ја јарите култури треба да се води сметка истите да се одгледуваат во плодоред и тоа по можност по окопни или зрнести мешумкасти бидеjќи така ќе се осигура поголем принос. Основната обработка и ѓубрењето за јарите култури, исто како и за озимите треба да се изврши од есен. Роковите за сеидба на јарата пченица се од половината на февруари до половината на март, за јариот јачмен од почетокот на февруари до половината на март, а за јариот овес во првата половина на март. Се што се сее подоцна представува ризик. Јарите култури треба интензивно да се ѓубрат со оглед на кратката вегетација. Доколку основното ѓубрење нее извршено од есен, тогаш за јарата пченица во пресеидбената припрема треба да се наѓубри 250-400 кг/ха NPK 10-30-20. Во предсеидбената припрема може да се додаде и 150-200 кг/ха Урeа 46% Азот и тогаш не е потребно прихранување, а ако не се додаде уреа тогаш се прихранува во фаза на братење со 200-250 кг/ха КАН. За јариот јачмен многу е важна раната сеидба, а целото ѓубрење се врши пред сеидба. При основната обработка се ѓубри со 200-300 кг/ха 10-30-20, а при пред сеидбената обработка треба да се наѓубри со 200-300 кг/ха NPK 15-15-15. За јариот овес основното ѓубрење се врши од есен, но до колку нее извршено , пред сеидба се ѓубри со околу 500-600 кг/ха NPK 15-15-15. Во вегетација се прихранува само јарата пченица (до колку нее предсеидба ѓубрена со азот), бидеќи јачменот и овезот се култури со нежно стебло и многу осетливи на полегнување. Преголемата количина влијае на полегнувањето. За сеидба се користат јари или факултативни сорти. За сеидба на пченицата се употребува 250-260 кг/ха, за јачменот 180-200 кг/ха а за овезот 140-160 кг/ха семе, Во текот на вегетацијата се применуваат сите мерки на нега како кај озимите житарици.

 

Тагови

Слични написи

Еден коментар

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close