fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Државата ќе треба посериозно да интервенира за да се замени сегашниот увоз со домашно производство

Став на професорот од Факултетот за земјоделски науки и храна, Драги Димитриевски

Професорот од Факултетот за земјоделски науки и храна, Драги Димитриевски, пак, смета дека државата ќе треба посериозно да интервенира за да се замени сегашниот увоз кој е сериозен, со домашно производство.

„Руско-украинскиот конфликт нема да има некоја посериозна улога, но ќе влијае индиректно, врз порастот на цените на земјоделско-прехранбените производи. Во овој момент, нема простор за посериозна интервенција, освен да се нормализира увозот од Србија, како што е најавено, пред сé на пченицата и на сончогледовото масло за јадење. За на среден и подолг рок ќе треба да се направат сериозни анализи и стратегија за храна, како и програма за функционирање на целиот систем во услови на криза“, рече професорот Димитриевски.

Националната конвенција за Европската Унија во Северна Македонија вчера  во Клубот на пратеници ја одржа десеттата сесија на Работната група 1 – Земјоделство и рурален развој (Поглавје 11) на тема „Земјоделско-прехранбените пазари и обезбедувањето со храна во контекст на тековната глобална криза“, во организација на Европското движење.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close