Цените на куќите во ЕУ пораснале за 42 отсто за една деценија
Цените на куќите се повеќе од двојно зголемени во седум земји на ЕУ од 2010 година: Естонија, Унгарија, Луксембург, Латвија, Чешка, Австрија и Литванија.
Во последните 11 години цените на изнајмување на куќи во ЕУ пораснале за 16 отсто, а набавните цени за дури 42 отсто, објави Евростат.
Цените на куќите се повеќе од двојно зголемени во седум земји на ЕУ од 2010 година: Естонија, Унгарија, Луксембург, Латвија, Чешка, Австрија и Литванија.
При споредба на четвртиот квартал од 2021 година и 2010 година, цените на куќите се зголемија повеќе од кириите во 19 земји-членки на ЕУ, додека цените на недвижностите паднаа само во три земји во тој период – Грција, Италија и Кипар.
Најголем пораст на цените на куќите во овој период има во Естонија, дури 156 отсто, Унгарија 128 отсто и Луксембург 124 отсто.
Што се однесува до цените за изнајмување на куќи, тие најмногу пораснале во истиот период во Естонија (за 171 отсто) и во Литванија (113 отсто), додека пад е забележан само кај две – Грција за 25 отсто и Кипар за еден отсто.
Анализата на Евростат наведува дека помеѓу 2010 и вториот квартал од 2011 година, цените на куќите и кириите во ЕУ имале сличен пат, но дека од вториот квартал на 2011 година овие патишта се разликувале – додека кириите постојано се зголемувале во текот на четвртиот квартал од 2021 година, цените куќите значително осцилираа.
По остриот пад помеѓу вториот квартал од 2011 година и првиот квартал од 2013 година, цените на куќите останаа повеќе или помалку стабилни меѓу 2013 и 2014 година. Нагло се зголеми на почетокот на 2015 година, кога цените на куќите се зголемија многу побрзо од кириите.