Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
Исплата на штетата од елементарни непогоди на 729 овоштари од Росоман за 2021 година
ПРОВЕРЕТЕ СМЕТКИ!На сметките на 729 овоштари исплатени 33.760.718 денари за надомест на штета од елементарните непогоди кои ги зафатија овошните насади во 2021 година.
Исплатен е надомест за штета од елементарни непогоди на 729 овоштари од Росоман, информираше росоманскиот градоначалник Стојан Николов.
-Денес врз основа на одлука на Влада бр.41-3162/1, на сметките на 729 овоштари исплативме 33.760.718 денари за надомест на штета од елементарните непогоди кои ги зафатија овошните насади во 2021 година. Владата излезе во пресрет на нашите овоштари и покажа вистинска грижа за овоштарите, се со цел одржување на насадот, соопшти Николов.