fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Николовски: Земјоделците да ги искористат мерките за производство на сончоглед

Земјоделците да го искористат партнерскиот пакет за договорно производство на сончоглед, за она што било традиционално и што го имаме, да се стави во функција, апелира денеска ресорниот министер Љупчо Николовски.

Тој соопшти дека Владата викендов ќе ја усвои одлуката за објавување на наменскиот оглас за доделување 6 000 хектари земјоделско земјиште за житни култури, пченка, сончоглед, пченица.

-Основната субвенција за хектар сончоглед е 15 000 денари. Секој што ќе произведуваа ќе добие ѓубриво од 2 500 денари од државата на неделна основа и 2 119 денари за „зелена нафта”. Секој, пак, што на еден хектар ќе направи принос од над 1,5 тон сончоглед ќе добие 100 евра. Тоа е огромна поддршка, а целта е да ги искористиме ресурсите зашто сега е моментот, да ги зголемиме производството и залихите за домашните преработувачки капацитети, подвлече Николовски.

Тој претходно објави дека Србија ја донела одлуката за извоз на два милиона литри зејтин во земјава.

Министерот рече дека масло за јадење има и оти граѓаните не треба да паничат, да купуваат зејтин и да го складираат дома. /МИА

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close