Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
Бачовски-Финансиската поддршка од 2.500 ден. / хектар за јачмен и сончоглед, 4.000 ден. / хектар за пченица и пченка за користено гранулирано ѓубре
Барањата за финансиска поддршка за трошоци за набавка на вештачки ѓубриња во производството на пченица, јачмен, пченка и сончоглед ќе се поднесуваат најдоцна до 31.05 2022 година во електронскиот систем на Агенцијата
АФПЗРР ги известува земјоделските стопанства дека од денес ќе можат да поднесуваат барања за финансиска поддршка за трошоци за набавка на вештачки ѓубрива.
Барањата за финансиска поддршка за трошоци за набавка на вештачки ѓубриња во производството на пченица, јачмен, пченка и сончоглед ќе се поднесуваат најдоцна до 31.05 2022 година во електронскиот систем на Агенцијата.
Барателите на кои им е потребна помош при пополнување на електронското барање за помош можат да се обратат во подрачните единици на МЗШВ.
Во прилог на барањето како доказ се доставуваат финансиски документи за набавеното ѓубре во период од 01.12.2021 година до 31.05.2022 година.
Висината на финансиската поддршка изнесува 2.500 денари / хектар за јачмен и сончоглед, односно 4.000 денари / хектар за пченица и пченка за користено гранулирано ѓубре.
Висината на финансиската поддршка за течни ѓубрива изнесува 400 денари / хектар.