Николовски: Го поддржуваме оризопроизводството
Оризопроизводителите со новите комбајни повеќе нема да треба да ги палат остатоците од оризова слама, туку со помош на комбајнот ќе ги собираат и сецкаат. На овој начин влијаеме во заштитата и на животната средина.
Првите четири, од вкупно 25 комбајни со сецкалици за ориз одобрени на последниот јавен повик објавен минатата година, на кои право на учество имаа сите земјоделци кои имаат минимум 1 хектар со ориз, вчера беа доделени на новите сопственици.
Вкупната вредност на набавката е 32 милиони денари од кои 17.8 милиони денари е кофинансираната сума, обезбедена од програмата за рурален развој, преку мерката „Инвестиции во модернизација на земјоделски стопанства“.
“Со овие инвестиции го поддржуваме оризопроизводството и ги мотивираме земјоделците кои го произведуваат нашето „бело злато“ да продолжат да го зголемуваат производството, а ние продолжуваме со поддршката за набавка на уште нови комбајни. Наскоро ќе биде објавен нов јавен повик за набавка на специјални комбајни за ориз во кој за првпат ќе биде вклучена и поддршка за набавка на мобилни сушари за ориз со што дополнително придонесуваме оризопроизводителите да ја зголемат ефикасноста при собирање и чување на зрното веднаш по жетвата“, изјави министерот Љупчо Николовски.
Оризопроизводителите со новите комбајни повеќе нема да треба да ги палат остатоците од оризова слама, туку со помош на комбајнот ќе ги собираат и сецкаат. На овој начин влијаеме во заштитата и на животната средина.
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство продолжува да имплементира мерки кои го осовременуваат домашното земјоделство.
Земјоделците добиваат зголемена поддршка и навремени субвенции, се помага со поддршка за зелена нафта, дополнителни 5.722 хекрати слободно земјоделско земјиште за обработка на стратешки култури, меѓу кои и оризот се ставаат на располагање на земјоделците. Преку програмата за рурален развој распишани се пет нови јавни повици, со поддршка за рурална жена, набавка на трактори, силоси, мандри и опрема за тутун. Сега е најважно да го стабилизираме и зголемиме домашното производство, но уште поважно е тоа домашно производство на крајот да заврши во нашите домашни преработувачки капацитети.