fbpx
Вести

Кол центарот за земјоделците ќе почне со работа за две недели

Решен е најголем дел од проблемите на земјоделците кои ги детектираше министерството за земјоделство. Во првите два циклуси од работата на терен посетени биле 206 населени места, а за наредниот период планирано е бројот двојно да се зголеми. За две недели ќе биде отворен Кол центар на кој земјоделците ќе можат да си ги кажат проблемите, а ќе бидат исплатени и повисоките субвенции за оризот.
image

– Бидејќи се покажа корисна алатка, продолжуваме во трет циклус, го дуплираме бројот на населени места, значи ако сега сме посетиле во два циклуси 206 населени места до сега се посетени 200 населени места, уште 6 населени места очекуваме да бидат посетени согласно претходниот акционен план во месец декември. – изјави, заменик министер за земјоделство, Ванчо Костадиновски.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close