fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Кредитот од ММФ ќе ја одржува во живот македонската економија

Бесими најавува дека парите ќе бидат за поддршка на стандардот на граѓаните и стопанството, но колкава сума би добила Северна Македонија по овој основ засега е нејасно.

Министерот за финансии Фатмир Бесими, кој пред два дена во Вашингтон се сретна со шефицата на ММФ, Кристалина Георгиева, соопшти дека С. Македонија добива препорака за пристап до кредитната линија за претпазливост и ликвидност на Меѓународниот монетарен фонд. Новиот заем допрва ќе треба да се одобри преку скенирање на состојбите од страна на монетарците, кои наредната недела треба да допатуваат во Скопје. Ако оценат дека земјата ги исполнува условите, тогаш каматата за позајмицата ќе изнесува 1 процент:

„Оваа кредитна линија е достапна за земјите членки со здрави економски основи, а се користи за ситуации кога има неизвесност, како што е во моментов економската криза како резултат на инфлацијата и енергетската криза, особено по војната во Украина“, изјави министерот за финансии Фатмир Бесими.

Бесими најавува дека парите ќе бидат за поддршка на стандардот на граѓаните и стопанството, но колкава сума би добила Северна Македонија по овој основ засега е нејасно.

Експертската јавност не е изненадена што власта повторно чука на вратата на монетарците за да бара поволен извор на финансиска поддршка. Но, сепак, реагираат што владата го презентира овој чекор како обезбедување поволни средства за потребите на граѓаните и стопанството. Поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини во изјава за Дојче веле укажува дека парите што се бараат од Меѓународниот монетарен фонд се со стриктна намена:

„Овие пари се за платниот промет, затоа што сме во тешка ситуација. За гаснење пожар, за обезбедување ликвидност и тие одат на државната сметка за платниот биланс преку Народната банка. Овие средства се користат за плаќање достасани обврски за претпазливост, да не дојде до колапс и неликвидност, не за развој. Тоа не се средства кои решаваат долгорочни проблеми, туку треба да обезбедат ликвидност, ако стасаат одредени обврски, а имате проблем со пари“, објаснува Хајредини.

Парите кои би се добиле по овој основ, според него, никако нема да можат да се трошат за други кредити, или за повисоки плати или пензии:

„Кога дава ММФ пари, тоа носи и поголема контрола за да не дојде до целосен колапс. Но, се знае дека тие пари одат за стриктна намена, за враќање кредити, за доспеани обврски, но никако како кредитни линии за никого, не за плати, не за пензии. Само на пример за покривање на средствата кои лани се земаа за покривање на Ковид-кризата во износ од една милијарда евра“.https://www.dw.com/mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close