Кризата удри и по бизнисот со лешници кој е еден од најперспективните кај нас и во светот
Продажбата на земјоделските производи расте, но цените се нестабилни
Кризата удри и по бизнисот со лешници кој е еден од најперспективните кај нас и во светот. Ако претходниве две години евидентно беше намалувањето на продажбата, сега продажбата се враќа во солидна кондиција, но нестабилност има кај цените.
Многу е тешко да се одржи еден ваков бизнис дома и дополнително да се извезува и во странство особено во овие тешки времиња велат производителите и затоа сметаат дека е потребна поголема поддршка од државата.
Сите кои сакаат да започнат со ваков бизнис мора добро да ја анализираат состојбата првенствено на пазарот додава Нелкоски. Во струшко кое важи за една од најплодните почви во земјава за одгледување лешници голем е бројот на граѓани кои произведуваат ваков тип на продукти за себе, но позитивно е што добар дел се одлучуваат и професионално да развијат бизнис преку отворање компании.https://www.24.mk/details/prodazhbata-na-zemjodelskite-proizvodi-raste-no-cenite-se-nestabilni