Потфрли производство на зелка, земјоделците се сомневаат за квалитетот на семето кое им се продава
Видео
Сериозни сомнежи за квалитетот на увозниот семенски материјал имаат земјоделците од струмичко чие раноградинарско земјоделство е десеткувано. Наместо да берат пролетна зелка во очекуваните количини тие се соочени со огромни загуби бидејќи наместо растението да врзе плод, тоа цвета.
Ова е дополнителна грижа за земјоделците кои се соочени со ниска откупна цена на зелката и скапи репроматеријали. Дополнително и откупот не е стабилен.
Експерите се сомневаат дека причина за цветањето е семенскиот материјал. Според нив, проблемот најчесто се временските услови.
Изминатиов период земјоделците протестираа за ниските откупни цени на зелката којашто денеови падна на 10 денари за килограм.https://telma.com.mk/2022/04/24/potfrli-proizvodstvot-na-zelka-zemjodelcite-se-somnevaat-za-kvalitetot-na-semeto-koe-im-se-prodava/