Ново поскапување на горивата од полноќ
Цените на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 2 и пол денари за литар, додека цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за еден денар за литар.
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука со која се врши зголемување на цените на нафтените деривати во просек за 2,29%.
Согласно оваа одлука, цените на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 2 и пол денари за литар, додека цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за еден денар за литар.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 1,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,226 ден/кг и сега ќе изнесува 52,825 ден/кг.
Од 27.4.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
ЕУРОСУПЕР БС – 95 / 84,00 ден/лит
ЕУРОСУПЕР БС – 98 / 86,00 ден/лит
ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) / 85,50 ден/лит
Екстра лесно масло 1 (ЕЛ-1) / 84,00 ден/лит
Мазут М-1 НС / 52,825 ден/лит