fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Станковски-Се залагаат за договорно производство, но недостига цената

Претседателот на здружението на земјоделци „Агрофаланга“, Љупче Станковски, посочува оти недостигот од стратегија и план кај нашите влади, збогатено со криминал и корупција, е смртоносно за секој бизнис, па и за земјоделството. Според него, постои сомнеж за можноста позитивно да се одрази ситуацијата врз земјоделството.

Претседателот на здружението на земјоделци „Агрофаланга“, Љупче Станковски, посочува оти недостигот од стратегија и план кај нашите влади, збогатено со криминал и корупција, е смртоносно за секој бизнис, па и за земјоделството. Според него, постои сомнеж за можноста позитивно да се одрази ситуацијата врз земјоделството, пишува Нова Македонија

– Сега се залагаат за некакво договорно производство. Но недостига цената. За земјоделецот не е потребна субвенција за вештачко ѓубриво или семе. Потребно е истакнување на цената што Владата ќе ја гарантира. Секој земјоделец ќе си пронајде своја математика и пресметка. Ако можеме увозното масло да го платиме 150 денари, доволно е за нашето масло да се фиксира цената на 90 денари и земјоделецот има есап за производство на сончогледот на своите ниви. Шеќерот отиде на 50 денари, со оваа цена и кај нас е рентабилно да се произведува од шеќерна репка, истото тоа важи и за јачменот и пченката, кои се дефицитарни во Македонија. Оваа криза ќе ни покаже какво зло и страдање за граѓаните на Македонија може да донесат алчноста на трговците и кусогледоста и неспособноста на нашите политичари – посочува Станковски.

Домашните аграрни експертите укажуваат оти договорното производство може да даде плод и дека сега е крајно време да се преземат конкретни чекори за враќање не само на овие две култури туку и на повеќе други култури на нашите ниви.
– Договорното производство се применува и практикува и во пазарните економии. Сѐ е во насока на развој на земјоделството и вакви договори може да го поттикнат повторно производството. Ваквите обиди треба да се поддржат за да се зголемат површините на кои ќе бидат засадени земјоделските култури. Сметам дека вакви мерки треба да се направат секаде каде што има можности и интерес од двете страни за да се вратат на нивите сите култури што некогаш се одгледувале кај нас, а денес се или во намалени количества или воопшто ги нема. Сметам дека има мерки што можат да дадат плод и да се зголеми интересот за поголемо производство. Една таква мерка е и мерката за ставање на целото расположливо или слободно земјоделско земјиште во функција, но и други мерки што ќе придонесат да се зголемат приносите по хектар – вели универзитетскиот професор Драги Димитриевски од Факултетот за земјоделски науки и храна. Повеќе на линкот https://www.novamakedonija.com.mk/ekonomija/dogovornoto-proizvodstvo-kje-gi-vrati-zemjodelcite-na-niva/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close