fbpx
Агро бизнисВестиТоп вести

Цената на пченицата во Африка се зголеми за 60 отсто поради војната во Украина

„Ќе бидат погодени и пченката и другите житни култури. Можна е криза со ѓубрива, бидејќи ќе има дефицит од околу 2 милиони метрички тони. А, тоа ќе влијае на производството на храна за околу 20 отсто, рече Акинвуми Адесина во говорот во главниот град на Нигерија, Абуџа.

Војната меѓу Русија и Украина го наруши извозот на пченица, што доведе до зголемување на цената на пченицата во Африка за 60 отсто, изјави претседателот на Африканската банка за развој, предупредувајќи дека континентот ќе загуби храна во вредност до 11 милијарди долари поради конфликтот.

„Цената на пченицата веќе поскапе за околу 60 отсто. Ќе бидат погодени и пченката и другите житни култури. Можна е криза со ѓубрива, бидејќи ќе има дефицит од околу 2 милиони метрички тони. А, тоа ќе влијае на производството на храна за околу 20 отсто, рече Акинвуми Адесина во говорот во главниот град на Нигерија, Абуџа.

На средбата со нигерискиот претседател Мухамаду Бухари, Адесина рече дека војната создала глобални проблеми, особено за Африка, која увезува огромен процент од својата храна од Русија и Украина.

Според економистите, иако војната во Украина беше голем шок за меѓународниот пазар, таа ги учи земјите да избегнуваат голема зависност од увозот на пченица.

Русија и Украина се главните снабдувачи со пченица во Африка. Но, по избувнувањето на војната на 24 февруари, снабдувањето беше нарушено, што предизвика огромен пораст на цените.https://nezavisen.mk/cenata-na-pchenicata-vo-afrika-se-zgolemi-za-60-otsto-poradi-vojnata-vo-ukraina/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close