Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
Аплицирајте-5.722 хектари обработливо земјоделско земјиште ставено на располагање
Јавниот оглас е веќе распишан, а рокот за аплицирање е до 10 мај.
Заедно со земјоделците, МЗШВ подготви „Национален план за производство на храна“ чија главна цел е поддршка и зголемување на домашното производство на стратешки култури, а со тоа и намалување на увозната зависност. За таа цел обезбедени се нови дополнителни 5.722 хектари обработливо земјоделско земјиште кое го ставаме на располагање за обработка на стратешки култури. Свети Николе е една од општините во која се предвидени нови повеќе од 700 хектари земја за обработка на стратешки култури. Јавниот оглас е веќе распишан, а рокот за аплицирање е до 10 мај, најави министерот Љупчо Николовски.