Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
Поскапуваат горивата, бензинот за два денари за литар, дизелот за денар и пол
Дизелот по цена од 87 денари за литар
Цените на бензините од полноќ се зголемуваат за два денари за литар, а на дизелот за денар ипол, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. За еден денар поскапува и Екстра лесното масло за домаќинство.
Новата цена на Еуросупер БС-95 ќе биде 86 денари за литар, Еуросупер БС-98 ќе се продава по цена од 88 денари за литар,а дизелот по цена од 87 денари за литар. Новата цена на Екстра лесното масло за домаќинство ќе биде 85 денари за литар.
Се зголемува и малопродажната цена на мазутот за 0,510 ден/кг и сега ќе изнесува 52,294 ден/кг.