
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
Бачовски: Од денеска почнува аплицирањето за субвенции од програмата за директни плаќања 2022
Преку новиот Интервентен фонд веќе се спремаат првите исплати за пристигнатите апликации за финансиска поддршка за набавка на вештачко ѓубриво.
Од денеска стартува аплицирањето за финансиска поддршка од програмата за директни плаќања 2022.“, рече директорот на Платежна агенција, Никица Бачовски, на денешното гостување во емисијата ,,Македонија наутро“ на МТВ1.
Утринава на емисијата ,,Македонија наутро” која се емитува на МТВ1 разговаравме за тековните активности на АФПЗРР.
Во моментот актуелни се повеќе повици за финансиска поддршка која е фокусирана на зголемено производство на храна и земјоделски производи. 









