Кој извезе вино и ракија за пет милиони евра во три месеци?
Извоз во вредност од 5 милиони евра што е удвојување на вредноста на извозот во споредба со минатата година.
Најголемиот македонски производител на вино „Тиквеш“ во првите три месеци успеа да продаде вино и ракија за 8,7 милиони евра и да ја зголеми продажбата за 43 отсто во споредба со истиот период лани.
Особен квалитет кој ќе го сврти вниманието на домашната инвеститорска јавност е фактот што „Тиквеш“ успеа да извезе свои производи во вредност од 5 милиони евра што е удвојување на вредноста на извозот во споредба со минатата година.
Податоците покажуваат дека извозната стратегија на „Тиквеш“ дава резултат и во овие кризни времиња на бројни неизвесности предизвикани од корона кризата. Извозот е речиси удвоен и во споредба со првите три месеци лани сега е зголемен за 2,5 милиони евра. Резултатот е за почит и поздравување особено сега во услови кога секој девизен прилив во земјава е неопходен и важен. Доколку успее да преслика кварталното темпо на годишно ниво „Тиквеш“ годинава може да очекува извоз од 20 милиони евра што ќе биде одличен резултат. https://faktor.mk/eden-i-edinstven-koj-izveze-vino-i-rakija-za-pet-milioni-evra-vo-tri-meseci