fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Македонија и сиромаштијата-Под прагот на сиромаштија во 2020 година живееле 451 900 граѓани

Паричникот празен

Бројот на сиромашни граѓани кои живеат под прагот на сиромаштија во земјава во 2020 година изнесувал 451 900, покажуваат податоците што денеска ги објави Државниот завод за статистика.
Според Лаекенските индикатори за сиромаштија, стапката на сиромашни лица во 2020 година изнесувала 21,8 проценти.
Стапката на сиромаштија на домаќинствата составени од двајца возрасни со две издржувани деца е 20,7 проценти, стапката на сиромашни вработени лица е 7,9 проценти, додека стапката на сиромашни пензионери е 7 проценти. Коефициентот на Џини (мерка за нееднаквоста во распределбата на приходите) изнесува 31,4 проценти.
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close