fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Сточарите од битолско ќе користат финансиска помош со електронско пријавување

Краен рок за поднесување на барањата е 31 мај 2022 година.

Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство со седиште во Битола информира дека системот за поднесување  барања за директни плаќања – Единствено Барање 2022 година е ставен во функција.

Од ПЕ на МЗШВ нагласуваат дека сите земјоделци кои имаат евидентирани парцели во системот на ЕРЗС и оние сточари кои имаат евидентирани податоци за животни можат да поднесат барање за финансиска помош и да бидат корисници на мерките.

-Барањата се поднесуваат по електонски пат со најавување на страната на Агенцијата „www.ipardpa.gov.mk“. На сите земјоделци на кои им треба помош при пријавување на субвенциите може да дојдат во подрачната единица на МЗШВ во Битола. Барањата се поднесуваат лично или член на земјоделското стопанство, истакна Методија Илиевски, раковител на ПЕ на МЗШВ во Битола.

Краен рок за поднесување на барањата е 31 мај 2022 година.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close