fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Историска поддршка за малите винарии, прифатени 61 барање за грантот до 10.000 евра

Финансиска поддршка за малите винарии преку грант до 10.000 евра по корисник, наменет пред се за опрема за производство. 

Со законските измени во 2020 година се овозможи регистирање на мали семејни винарии со капацитет на производство до 50.000 литри. За време на пандемијата со КОВИД-19 малите винарии беа директно погодени, а министерството излезе во пресрет со финансиска поддршка за малите винарии преку грант до 10.000 евра по корисник, наменет пред се за опрема за производство. 

-Наредниве денови ќе ги потпишеме договорите за мерката со која обезбедуваме финансиска поддршка на малите винарии. До нас за оваа мерка пристингаа 63 барања, од кои прифатени се 61 барање, додека поради не исполнување на условите 2 барања се одбиени. За оваа мерка министерството издвојува 34.5 милиони денари“, најави министерот Љупчо Николовски. 

 

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close