fbpx
Агро бизнисВести

Денеска завршува јавниот повик за давање на земјоделско земјиште под закуп над 3 хектари

Во најскоро време ќе биде објавен нов јавен повик за нови површини кои ќе бидат ставени на располагање на земјоделците со цел секоја педа обработливо земјоделско земјиште да биде ставена во функција.

Јавниот повик за давање на земјоделско земјиште под закуп над 3 хектари завршува денеска, а во најскоро време ќе биде објавен нов јавен повик за нови површини кои ќе бидат ставени на располагање на земјоделците со цел секоја педа обработливо земјоделско земјиште да биде ставена во функција. Преку јавен повик, на располагање се ставени дополнителни 5.722 хектари обработливо земјоделско земјиште над 3 хектари, за обработка на стратешки култури, распределени во 14 региони низ државата.

„Со мерките од интервентниот фонд земјоделците добиваат 4000 денари по хектар, дополнителна помош за набавка на вештачко ѓубриво за пченка и пченица, како и 2.500 денари по хектар за сочоглед и јачмен. Ги мотивираме земјоделците да го зголемат приносот, со дополнителни скоро 100 евра од хектар, рече министерот Николовски.

Во тек се и пет јавни повици од Програмата за рурален развој за 2022 година. Рокот за аплицирање е до 20 мај. Земјоделците можат да аплицираат на повикот за набавка на трактори преку кој обезбедуваме до 75% кофинансирање на сумата за набавка, односно максимум 3.500.000 денари по корисник. Повикот за набавка на силоси до 25 тони со мал капацитет за сопствена употреба, каде исто така кофинансираме 75% од сумата, односно 1.000.000 денари како максимален износ по корисник.  Во тек е повикот за доделување на грант од 6.000 евра за мерката „Рурална жена“, како и повиците за поддршка при изградба на мандри и повикот за набавка на опрема за производство на тутун.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close