fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Зошто доцнат субвенциите за тутун?-коментар на Игор Мирчески

Дали вистинската причина е сумата од околу 20 милиони евра која е потребна за исплата на тутунарите и во моментов тие пари ги нема во буџетот?

Јавно ги повикувам министерот за земјоделство Љупчо Николоски и директорот на Платежната агенција Никица Бачовски, веднаш да кажат: кои козметички измени треба да се направат и во кој закон, за тутунарите да можат да ги земат субвенциите и дали само тутунарите подлежат на тој закон кога гледаме и слушаме дека дел од земјоделците ги добиваат субвенциите. Или, вистинската причина е сумата од околу 20 милиони евра која е потребна за исплата на тутунарите и во моментов тие пари ги нема во буџетот?

Па, дали поради немањето на пари во буџетот ни се прават  манипулации за некакви законски измени и обидот топката да се префрли на други партии како евентуални кочничари на овие измени за потоа вие да излезете пред земјоделците и да се претставите како нивни спасители кога ќе обезбедите некој кредит за исплата на истите?

Министре!

Ако измените се однесуваат на делот за земјоделци должници кон УЈП да можат да земат субвенции, таа одредба не може да биде пречка само за тутунарите, а за останатите не (овоштари, градинари), кои добиваат субвенции овие денови. Субвенциите ни требаат веднаш, во ек е расадување на тутунот, а тутун без пари не се сади почитуван министер! И за крај – за каква поддршка на тутунарите зборувате кога не можевте да издејствувате покачување на цените на тутунот, не ги вметнавте тутунарите во мерката зелена нафта, тутунарите бараа покачување на субвенциите, а вие не можете ниту постоечките да ги исплатите.

Министре, доста е од дворски игри вистината и одговорите пред тутунарите веднаш и сега!!!

Став на Игор Мирчески, тутунар, производител на земјоделски култури, координатор на новоформираните тутунарски здруженија, предводник на протестите на тутунарите во 2020 година.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close